29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ќе ги продолжи санкциите против Русија за уште шест месеци

ЕУ ќе ги продолжи санкциите против Русија за уште шест месеци

Лидерите на ЕУ ќе се согласат во четврток за продолжување на економските санкции против Русија за уште шест месеци, објави „Ројтерс“.

Санкциите беа првично воведени поради анексијата на Кримскиот регион во Украина од Русија и поддршката на Москва за бунтовниците во источна Украина.

Главните санкции, кои се насочени кон рускиот енергетски, дефанзивен и финансиски сектор, ќе завршат на крајот на јануари 2018-та година, ако не биде поинаку договорено.

Но, во четврток во Брисел, водачите на ЕУ ќе се согласат да ги пролонгираат до средината на 2018-та година, објавија официјални претставници и дипломати во Брисел.

Москва вели дека никогаш нема да го врати Крим, кој беше анексирана во 2004-та година, иако потегот не беше призната на меѓународно ниво.

Западни земји велат дека Русија продолжува да ги поддржува сепаратистите во источна Украина, каде што конфликтот уби повеќе од 10.000 луѓе од 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП