23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota ја менува генерацијата на ривалот на BMW Series 5

Toyota ја менува генерацијата на ривалот на BMW Series 5

Големиот седан „Toyota Avalon“ седан не е достапен во Европа, но тоа е предводникот на јапонскиот бренд во САД. Сега компанијата се подготвува за ослободување на новата генерација на моделот, чија продажба во последно време драстично паѓа. Премиерата на автомобилот е закажана за саемот Детроит за еден месец.

Производителот покажа прво слика на бизнис-седанот, кој се позиционира како конкурент на „Mercedes-Benz E-Class“ и „BMW Series 5“. Сликата покажува само дел од „LED“ оптика, како и зголемениот отвор за воздух на предниот браник. Генерално, „Avalaon“ ќе го следи дизајнот на „Toyota Camry“ прикажан претходно во оваа година.

Во основата на моделот е новата платформа „Toyota New Global Architecture“, која се користи од страна на повеќето нови модели на јапонскиот производител, вклучувајќи го и веќе споменатиот „Camry“. Се очекува бројот на мотори да остане ист како и за сегашната генерација на моделот. Тоа се бензински V6 со зафатнина од 3,6 литри, чија моќност ќе се зголеми до над 270 КС, како и хибрид со 4-цилиндричен 2,5-литарски исто така бензински мотор.

Сегашната генерација на „Toyota Avalon“ е произведена од 2012-та година и беше сериозно обновена во 2015-та година. Само во минатата година продажбата на моделот се намали за повеќе од 30%, а новата генерација мора барем делумно да го компензира сето ова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП