19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнтернет економијата во Југоисточна Азија ќе достигне 50 милијарди долари во 2017-та

Интернет економијата во Југоисточна Азија ќе достигне 50 милијарди долари во 2017-та

Интернет економијата на Југоисточна Азија – од онлајн резервации и шопинг до споделено патување, ќе достигне 50 милијарди долари во оваа година, а предвидувањата се таа да порасне четири пати до 2025-та година, според заедничкиот истражувачки извештај на „Google“ и „Temasek Holdings Pte“, цитиран од „Блумберг“.

Бидејќи се повеќе корисници купуваат авионски билети и резервации за хотели преку паметните телефони, туристичкиот онлајн пазар во регионот е зголемена од 19,1 милијарди долари во 2015-та година на 26,6 милијарди долари во 2017-та година, се вели во извештајот објавен од двете компании.

Истражувањето ги опфаќа четирите клучни сектори на интернет економијата: резервации за патување преку интернет, медиумите, заедничките туристички услуги и е-трговијата.

Онлајн шопингот и споделените патни услуги дојдоа до израз како „Grab“, „Uber Technologies Inc.“ и „Go-Jek“ ги привлекоа потрошувачките преференци со новите бизнис модели.

Од вкупно 12 милијарди долари инвестирани во интернет компании од Југоисточна Азија од 2016-та година досега, 9 милијарди долари беа генерирани од стартап компании со проценки од над 1 милијарда долари. За споредба, регионот, вклучувајќи ги Сингапур, Индонезија и Малезија, привлече само 1 милијарда долари во 2015-та година.

„Ова покажува колку глобалните и регионалните инвеститори ги фаворизираат најголемите и најистакнатите интернет компании“, се вели во извештајот.

Растот се должи на зголемениот број на нови корисници на паметни телефони. Југоисточна Азија ќе има 330 милиони активни корисници на интернет месечно до крајот на 2017-та година – еквивалентни на големината на населението на САД, откако додаде повеќе од 70 милиони корисници од 2015-та година.

Продажбата на нови стоки од е-трговија ќе достигне 10,9 милијарди долари во 2017-та година, што е речиси двојно повеќе од 2015-та година.

Се очекува на пазарот на споделените патувања во Југоисточна Азија да се удвои во однос 2015-та година до 5,1 милијарди долари во 2017-та година, пред да достигне 20,1 милијарди долари во 2025-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП