25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеколку делови од Карпош и Гази Баба утре без вода

Неколку делови од Карпош и Гази Баба утре без вода

Утре без вода ќе останат неколку делови од Карпош и Гази Баба.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради уличен дефект ф-100 мм на улица Козле 1, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Средно Нерези од 08:30 часот па сè до завршување на работите.

Исто така, поради промена на шибер ф-80 мм на улица Славчо Деловски, раскрсница со Антон Панов, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од улица Славчо Деловски и дел од улица Антон Панов од 08:30 часот до завршување на работите, во Општина Гази Баба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП