19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАРаботите од дома? 5 работи кои треба да ги практикувате секој ден

Работите од дома? 5 работи кои треба да ги практикувате секој ден

Работата од дома е се почеста. Според анкетите од 2016 година, 37 проценти од вработените во Америка работеле од далеку, односно надвор од канцелариите, што е за 4 пати повеќе отколку во 1995 година.

Работата од далеку, односно од дома, освен што олеснува, може да биде и предизвик. Најважниот проблем е што оние кои работат од дома и не се во канцеларијата, се чувствуваат исклучени од организацијата.

Ризик е тоа што оние кои работат надвор од канцелариите потешко имаат пристап до информациите, односно, побавно ги примаат упатствата кои им се потебни за обавување на работата. Можат да се почувствуваат невклучено. Исто така, менаџерите се сомневаат дека вработените кои работат од дома се исто ефикасни како и оние кои се во канцеларија.

Но постојат добри тактики кои можат да ги премостат овие „дупки“, пишува сајтот Inc.com:

1. Фокусирајте се

Само затоа што работите од дома, тоа не значи дека би требало да не се туширате, убаво да се облекувате и да не ги средувате косата и ноктите. Држете до рутината, нека работниот ден во домот ви започне исто како да сте во канцеларија, тоа е подобро за вашата личност.

2. Држете се до некои „канцелариски“ ритуали

Психолошки, тоа ќе ви помогне да ја премостите дистанцата и ќе направи да се чувствувате посреќно. Не морате да престанете да испраќате смешни мејлови, клипови и текстови само затоа што повеќе не седите во канцеларија. Комуницирајте со колегите и целиот персонал.

3. Користете ги блоговите и страницата за да комуницирате со колегите

Повеќето компании имаат своја страница или блог, на социјалните мрежи или на сајтот, кој може да се користи за интеракција со колегите.

4. Држете се до листата за да бидете организирани

Постојат разни апликации со чија помош можете да водите листа, која може да направи чудо за вашата продуктивност. Обрнете им внимание на оние кои се прилагодливи со функциите на вашата работа.

5. Разговарајте и преку видео

Не е доволно да разговарате со своите колеги и колешки преку телефон или да се допишувате, вклучете ја и камерата и направете видео повик. На тој начин ќе се чувствувате вклучени.

Ако сте некој кој ужива во работата во кафуле, тоа е исто така добро. Само внимавајте целосно да и се посветите на работата бидејќи на таквите места може да има и бучава. Доколку треба со некој да се слушнете или видите преку видео повик, подобро тоа направете го од дома.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП