23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто смеете да грицнете пред заминување во кревет?

Што смеете да грицнете пред заминување во кревет?

Не можете да спиете „на празен стомак“, ви крчат цревата, мака ви е од гладта? Постојат намирници кои смеете да ги јадете пред спиење, а притоа да не се здебелите.

Еден од изборите може да биде моцарелата – во едно топче има нешто помалку од 100 калории, а дури шест грама протеини и само грам јаглени хидрати. Покрај сето тоа, внесувајте и калциум и витамин Д, а најдобро од се е што шансите да се прејадете се минимални доколку земете мало пакување од неколку топчиња (2-3).

Ако не поднесувате лактоза или не сте расположени за млечни производи, половина шака бадеми или ореви ќе ви помогнат. Имаат доста масти и калории, но и протеини, витамин Е, селен, магнезиум и останати добри нешта.

Значи, ваш избор во ситните часови треба да бидат намирници богати со протеини, а сиромашни со јаглени хидрати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП