29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКолку ќе чини новиот Mercedes CLS?

Колку ќе чини новиот Mercedes CLS?

Третата генерација на купе-лимузината на „Mercedes“ имаше светска премиера на крајот на ноември во Лос Анџелес, а сега се познати и цените на овој модел за германскиот пазар.

„Mercedes CLS“ зa 2018-та ќе почне да се продава во Германија во март и ќе чини од 68.127 eвра, соопшти производителот од Штутгарт. Oваа цена се однесува за основниот модел, „CLS 350d 4Matic“, кој има шестцилиндарски 3.0-литарски дизел агрегат со 286 ks и 600 Nm.

Вториот дизел во понудата, „CLS 400d 4Matic“, со мотор со иста зафатнина, но со 340 ks и 700 Nm, ќе се продава за 72.507 eвра.

Купувачите кои ги преферираат бензинските агрегати моментално можат да сметаат само на една верзија – „Mercedes CLS 450 4Matic“, зa кој ќе мораат да избројат 70.906 eвра.

Автомобилот под хаубата има 3.0 литарски бензински мотор со 6 цилиндри кој испорачува 367 ks и 500 Nm максимален вртежен момент.

Повеќе детали за новиот „Mercedes CLS“ може да прочитате тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП