20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДаночните реави - војната на црните листи

Даночните реави – војната на црните листи

Европската унија вклучи 17 земји, Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) – само една, а невладината организација „Oxfam“ – 35 земји: црните листи за борба против даночните засолништа се множат со ризик да биде поднесена конфузија какви критериуми треба да се запазат, пишува „AFP“.

Официјално нема конкуренција, откако увери еврокомесарот за економски и монетарни прашања, Пјер Московичи, откако на 5-ти декември 28-те земји членки на Европската унија објавија список во кој беа вклучени 17 даночни засолништа. Многу повеќе од истиот на „ОЕЦД“ кој беше објавен оваа, а во кој е само Тринидад и Тобаго.

„„ОЕЦД“ одигра улога на важен водич“, објасни Московичи, поздравувајќи ги активностите на генералниот секретар на оваа организација Анхел Гурија, но потоа брзо истакна дека ЕУ е „со еден чекор подалеку“. „Целта не е да се дискредитира нивната листа, можеби да се каже дека европскиот демарш е еден чекор напред“.

Од страна на „ОЕЦД“, чии дела се презентирани во Г-20, европската листа не предизвикува јавни немири. „Не е нелегитимна група земји, откако ЕУ ја направи своја сопствена проценка“, призна Паскал Сен-Аман, директор на Центарот за фискална политика и администрација на организацијата, чија централа се наоѓа во Париз.

Како да се објаснат разликите помеѓу двете институции? „Според „ОЕЦД“ не задолжително по секоја цена да се бара од земјите во развој, кои не се финансиски центри, автоматска размена на податоци“ – нешто што предвидува примена на задолжителни протоколи и техники, објаснува Сен-Аман.

Сепак, постои ризик засегнатите земји да ја согледаат оваа разлика во пристапот.

По објавувањето на европската листа, некои беа вознемирени. Меѓу нив беше и Јужна Кореја, членка на Г-20, која ја критикуваше одлуката на ЕУ. Според Сеул, „не одговара на меѓународните стандарди“ и би можела „да биде напад врз нашиот фискален суверенитет“.

Панама, која презеде минатата година мерки, за да не биде вклучена во списокот на „ОЕЦД“, го осуди едното „произволно и дискриминаторско запишување“, откако се најде во индексот на ЕУ.

Постоењето на овие два листа, претставува ризик од „внесување забуна меѓу засегнатите страни, кои веќе нема да знаат на кој светец да се молат“, изјави за „AFP“ специјалист за фискалните преговори, кој побарал да остане анонимен.

„Големиот пропуст“ во листата на ЕУ

Според Ан-Лор Долат од „Cepii“ (Центарот за меѓународни студии и информации во Париз) „европската иницијатива е многу интересна, бидејќи оди подалеку од автоматската размена на податоци, основниот принцип на „ОЕЦД““.

„Постои, сепак, голем пропуст: членките на ЕУ не се појавуваат на овие списоци“, се присетува таа. „Затоа голем дел од даночното затајување се случува внатре во ЕУ на места како Холандија или Ирска. Овие земји не се даночни засолништа, но обезбедуваат пристап до такви“, според Долат.

Без да се заборави дека САД не потпишале договори за автоматизирана размена на податоци. Некои држави, исто така, имаат режими на даночна оптимизација.

„Со оглед на користените критериуми, ЕУ не требаше да се ограничува со листа со микродржави во кој не фигурираат големите даночни засолништа“, не го криеше своето незадоволство Манон Обри, портпаролка на „Oxfa“. „Ова е проект со големи амбиции, но исклучително разочарувачки резултати, што е штетно“.

Оваа невладина организација ја составила во ноември „црната листа на даночни раеви, како што навистина треба да биде“. Во неа фигурираат четири земји од ЕУ (Ирска, Луксембург, Малта и Холандија), како и држави како Швајцарија и британски територии како Гибралтар и Бахамите, кои исто така не се дел од Унијата.

Сепак, Московици останува немилосрден: „Нема европска земја да биде даночен рај“.

Препознавајќи го постоењето на „големи проблеми“, тој ветува дека „европските земји нема да излезат од нашата борба против агресивното фискално планирање“.

Меѓутоа, овие различни списоци имаат позитивен ефект. „Постои динамика“, вели Сен-Аман, кој ќе претстави нови критериуми „за да се одразат на состојбата“ на следната средба на министрите за финансии на Г-20, во Аргентина во март.

За него, целта е „да не се има црни листи“, туку да се искористи оваа закана и да се принудат овие земји да преземат мерки за транспарентност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП