16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHeineken ја отвора својата прва пивара во африканска земја

Heineken ја отвора својата прва пивара во африканска земја

Холандскиот производител на пиво „Heineken“ ќе отвори пивара во Мозамбик, вредна 100 милиони долари, што ќе биде првиот производствен погон на компаниајта во таа земја.

Произвoдството во фабриката со капацитет од 0,8 милиони хектолитри, во престолнината Мапуто, би требало да започне во првата половина од 2019 година, се наведува во соопштението на „Heineken“, пренесува агенцијата Ројтерс.

„Драго ни е што инвестираме на пазарот во Мозамбик, каде забележуваме ветувачки долгорочни економски перспективи. Уверен сум дека нашето присуство ќе придонесе за економскиот и социјален развој кои веќе се во тек во Мозамбик“, изјави директорот на „Heineken“ за регионот источна и западна Африка, Будевијaн Харсма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП