28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонската економија зема замав

Јапонската економија зема замав

Економијата на Јапонија порасна за 2,5 проценти во периодот јули-септември на годишно ниво, што значи дека зема замав, соопшти јапонската влада.

Тој податок е повисок во однос на прелимираната проценка за раст од 1,4 проценти и е последица на поголемите деловни инвестиции и растечките залихи, се наведува во соопштението на Владата, а пренесува агенцијата АП.

На квартално ниво, третата најголема светска економија порасна по стапка од 0,6 проценти, што е двојно повеќе во однос на првичната проценка, додека приватната потрошувачка порасна за 0,3 проценти, иако, според првата проценка, беше кажано дека стагнирала.

Стапката на невработеност во Јапонија е под 3 проценти, но економскиот раст и понатака е скромен, а инфлацијата е значително под целните 2,0 проценти, оценува американската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП