19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКорисниците на Netflix гледаа повеќе од 1 милијарда часа неделно во 2017-та

Корисниците на Netflix гледаа повеќе од 1 милијарда часа неделно во 2017-та

Корисниците на „Netflix“ имаат поминато многу време во гледање на содржини во 2017-та година, иако метрика покажува дека луѓето гледаат помалку и просечната вредност на овој индикатор опаѓа, пишува „TechCrunch“.

Во блог пост, стриминг услугата објави дека потрошувачите гледале преку 140 милиони часа на ден, или 1 милијарда часови неделно. Во третиот квартал од годината, компанијата достигна 109 милиони претплатници, а помалку од половина од нив се од САД.

Иако резултатите се импресивни за услугата за стриминг, во споредба со постарите метрики, тие исто така покажуваат дека корисниците трошат помалку време гледајќи содржина на платформата од претходните години.

Иако нема такви податоци од крајот на 2015-та година, „Netflix“ објави дека 74,7 милиони корисници во тоа време гледале 42,5 милијарди часа содржина во годината за која станува збор. Ова подразбира околу 570 часа годишно на сметка во 2015-та година.

И со 109 милиони корисници кои гледаат 1 милијарда часови содржина неделно во 2017-та година, просечното време достигна 480 часа, што укажува на тоа дека компанијата порасна, но нејзините корисници можеби нема да поминуваат толку многу часови.

Конкуренцијата на стриминг пазарот очигледно се зголемила за овој период, откако „Hulu“, „HBO Go“ и „Prime“ на „Amazon“ инвестираа повеќе во оригинална содржина и ги проширија своите кинотеки.

Покрај тоа, повеќето од „Netflix“ корисниците доаѓаат од меѓународните пазари во текот на овој период. Ова се случи откако компанијата објави во почетокот на 2016-та година дека се проширува во 130 нови земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП