28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSiemens по падот се врти кон Либија

Siemens по падот се врти кон Либија

Германскиот „Siemens“ соопшти дека потпишал договори вредни 700 милиони евра за изградба на две електрани на гас во Либија.

Индустрискиот конгломерат со седиште во Минхен објави дека електраните ќе бидат изградени во Мусрати и Триполи и дека цената од договорот опфаќа и долгорочен сервисен аранжман.

Во соопштението се наведува дека со овие проекти капацитетот на Либија за производство на електрична енергија ќе биде зголемен за околу 1,3 гигавати, но не е прецизирано кога ќе започнат со работа овие електрани, пренесува АП.

Договорите се склопени отакако „Siemens“ објави дека планира отказ за околу 6,900 работници ширум светот во своите одделенија за електрична енергија, гас и погони. Половина откази ќе бидат врачени во Германија.

Компанијата укажа на голем пад на заработката и зголемување на притисокот од сегментот за обновлива енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП