25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ очекува зголемување на спојувањата во еврозоната

ЕЦБ очекува зголемување на спојувањата во еврозоната

Активностите за спојувања и преземања во банкарскиот сектор во еврозоната, најверојатно, ќе се забрзаат поради брзиот економски раст и намалувањето на лошиот долг. Така рече директорот за банкарска супервизија на Европската централна банка (ЕЦБ), Даниел Нуи, во интервју за португалскиот печат, цитирана од „Ројтерс“.

ЕЦБ се жали одамна дека во Европа се намалува ефикасноста на секторот и намалување на профитот – проблем кој е во сила, откако послабите банки не можат да остварат пренос на механизамот на премногу олабавена монетарна политика на ЕЦБ кон реалната економија.

„Мислам дека со враќањето на економскиот раст и со огромната работа која се врши во однос на надзорните кредити, ќе бидеме сведоци на неколку банкарски спојувања кои делуваат во рамките на еврозоната и пошироко“, вели Нуи за португалскиот весник „Público“.

Таа исто така го заштити обидот на централната банка да го смалуваат нивото на надзорни кредити, но изјави истовремено дека новите насоки за новите кредити можат да бидат одложени за неколку месеци по добивањето на критики од страна на индустријата.

„Мислам дека процесот на анализа ќе трае еден или два месеци. Затоа е многу веројатно дека имплементацијата ќе се одложи за неколку месеци“, додаде таа.

„Би рекла дека нема големо значење дали тоа ќе се случи на 1-ви јануари, на 1-ви април или 1-ви јуни следната година“, посочи Нуи, додавајќи дека не гледа причини за одложување на овој процес до 2019-та година.

Претходно „Ројтерс“ цитираше свои извори блиски до темата, според кои новите правила кои ќе влезат во сила на 1-ви јануари, можат да предизвикаат доцнење од неколку месеци или можеби уште една година пред евентуални банкарски спојувања и превземања во иднина.

Без оглед на доцнењето, Нуи истакна дека одделниот предлог за решавање на т.н. лошите долгови за околу 800 милијарди евра во рамките на еврозоната ќе бидат во првиот квартал според планираното, дури и ако контурите на плановите се уште не се сигурни.

„Ние имаме намера да објавиме нешто во смисла на квантитативни очекувања за наследни акции на крајот на првиот квартал следната година. Не сум сосема сигурна што точно ќе претставува тоа, бидејќи не сум ја видела работата на групата на високо ниво во рамките на ЕЦБ, преку која се анализираат надзорните должнички изложености“, додаде таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП