29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоговорено интензивно граѓанско вклучување во решавањето на најгорливите еколошки проблеми

Договорено интензивно граѓанско вклучување во решавањето на најгорливите еколошки проблеми

Претставници од граѓанската иницијатива „О2 коалиција за чист воздух“ и други еколошки граѓански организации и активисти синоќа имаа повеќе часовна средба со Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, заменик министерот за животна средина Јани Макрадули и советнички тим, на која детално разговараа за сите 16 „жешки точки“ кои ја загрозуваат животната средина во Република Македонија.

Со Премиерот Заев и заменик Министерот Макрадули било разговарано за мерките за решенија кои се преземаат и предлагаат како што се: гасификацијата, десулфуризацијата, субвенциите за фотоволтаици, енергетските фасади, планското пошумување, интензивното зголемување на зелените површини во урбаните средини, зголемувањето на буџетот за Инспекторатот за животна средина, пречистителните станици, мерните станици, решавањето на проблемот со депониите, заштитата на Охридското езеро и подрачје од неконтролиран развој на туризмот, изградбата на ветерници и друго.

Во делот на рудниците, заеднички е констатирано дека здравјето на граѓаните останува да биде врвен приоритет и дека во овој момент се работи на изнаоѓање правно-формални аргументи и механизми за решавање на проблемот со што ќе се заштити животната средина и во исто време ќе се обезбеди интересот на државата.

“Се согласивме дека буџетот нема да биде цел на краен договор, но во моментот кога ќе бидат дефинирани нови и соодветни квалитетни решенија, Владата ќе направи релокација на средства или ребаланс на Буџетот во интерес на заштита на животната средина, со цел да не постои финансиска пречка за реализација на квалитетни еколошки мерки”, велат од О2 коалиција за чист воздух.

На средбата беше констатирано дека наследената состојба и досегашната негрижа за животната средина оди на директна штета на здравјето на граѓаните.

Премиерот Заев посебно истакна дека гласот на граѓаните допре до институциите и дека граѓанскиот притисок мора да остане силен и да ја насочува Владата и сите надлежни институции кон изнаоѓање решанија за заканите по животната средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП