18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПетте најголеми економии на ЕУ ги предупредија САД

Петте најголеми економии на ЕУ ги предупредија САД

Петте најголеми економии на ЕУ ги предупредија САД дека темелните реформи на американскиот даночен систем би можеле да бидат во спротивност со меѓународните обврски на таа земја.

Како што наведоа „би можеле да имаат големо дисторзивно влијание на меѓународната трговија“.

Министрите за финансии на Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Шпанија во писмото до министерот за финансии на САД Стивен Мунчин напишаа дека се „исклучително загрижени“ поради трите американски иницијативи во врска со даноците, меѓу кои е и предлогот законот во Сенатот против даночните измами.

Министрите на членките на ЕУ во писмото навеле дека е „важно прописите на американската влада за даночната политика да бидат целосно во склад со меѓународните обвски кои САД ги преземале“.

Сенатот на американскиот Конгрес на 2 декември го усвои предлог законот за реформи на даночниот систем, а тој текст треба да биде усогласен со верзијата која Претставничкиот дом на конгресот ја усвои на 16 ноември.

Ако законот стапи на сила, тоа ќе биде најтемелната промена во американскиот даночен систем во последните 30 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП