20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрезентиран предлог-законот за енергетика (видео)

Презентиран предлог-законот за енергетика (видео)

Вчера Владата го презентираше новиот закон за енергетика, според кој, како што беше кажано, ќе биде загарантирано правото на избор на граѓаните да купуваат електрична енергија и природен гас по сопствен избор од кој било снабдувач. Се очекува владината процедура во однос на предлог-законот да заврши до крајот на 2017 година, а законот најрано да биде донесен во февруари-март 2018 година.

„Со новиот закон за енергетика се гарантира правото на избор на граѓаните да купуваат електрична енергија и природен гас по сопствен избор од кој било снабдувач. Ќе бидат надминати конфликтите на интереси што постојат во енерегетското живеење во делот на гасот и на електричната енергија, при што ќе се имплементираат европските директиви од третиот енергетски пакет на ЕУ. Ако ваквите закони се добри за граѓаните на европските држави, нема причина да не бидат добри и за граѓаните на Република Македонија“, потенцира вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Како што беше кажано на вчерашната прес-конференција, новиот закон за енергетика требало да биде донесен уште во 2014 година, но не бил донесен во предвидениот период по што од страна на Енергетската заедница се поведени и две постапки кон Република Македонија. Според вицепремиерот, бидејќи станува збор за особено важен и комплексен закон, тој ќе биде донесен во регуларна процедура, во транспарентна постапка, во првата половина на 2018 година.

Министерот Бектеши информира дека предлог-законот за енергетика веќе од 7 декември е поставен на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) и сите заинтереирани страни може да се запознаат со содржината на предлог-текстот.

„Република Македонија како потписник на договорот за основање на Енергетската заедница има преземено многубројни обврски, а една од најважните е усогласување на националното законодавство со ЕУ-регулативите и директивите. Во новиот закон за енергетика ќе се изврши усогласување со третиот енергетски пакет на ЕУ, а со негово донесување ќе се надминат и споровите што се поведени кон Република Македонија, со што ќе ја вратиме и довербата на ЕУ кон македонските институции. За нашите граѓани отворањето на пазарот значи и конкурентни цени и гарантираме дека цената на електричната енергија нема да се зголеми“, истакна министерот Бектеши.

Вчера се одржа првата јавна дебата во врска со законот за енергетика, а дебати ќе се одржуваат и во наредните два дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП