20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПостои светла иднина пред европскиот туризам и хотелскиот сектор

Постои светла иднина пред европскиот туризам и хотелскиот сектор

Европа е најбараната и најпосетена дестинација за туристите во светот во 2017-та година, и покрај некои проблеми во последниве години, главно поврзани со тероризмот, вели извештајот на „Christie & Co. Hotel Consultancy Hotel“.

Барем засега, „Брегзит“ не влијае на интензитетот на туризмот и на ефикасноста на хотелите во регионот.

Компанијата има позитивно очекување за побарувачката за хотелско сместување во блиска иднина.

Туристите во Европа се главен извор на раст за туризам во регионот, со околу 90% од побарувачката. Другите водечки пазари за европскиот туризам, исто така, објавија раст – САД, Канада, Австралија, Индија и Кина, се вели во извештајот.

За Индија и Кина, експертите очекуваат здрав економски раст во текот на следните пет години, што, во услови на пораст на населението, се очекува да даде дополнителен поттик за побарувачката за хотелско сместување во Европа.

„Christie & Co“ истакнува дека постојат два начина за зголемување на вредноста на посетите на европскиот пазар. Пред сè, Шпанија и Грција заостануваат зад Западна и Северна Европа во однос на вредноста на посетите на странските туристи. За нив, можностите се наоѓаат во реновирањето на хотелската база.

Втората опција за зголемување на вредноста е поврзана со брендирањето. Поголемиот дел од хотелите во Европа не се поврзани со ниту еден бренд и имаат потреба од инвестиции, се вели во извештајот.

Друг предизвик за туристичкиот и хотелскиот сектор е капацитетот на аеродромите. Ако се реши овој проблем, тоа ќе даде поттик за развој на хотелите и другата инфраструктура, велат експертите.

Повеќето европски хотелски пазари имаат потенцијал да привлечат и меѓународни брендови за раст, се вели во документот. Другите пазари, како што се Исланд, Полска, Данска, Португалија, Шпанија, се добро прилагодени за привлекување на опортунистички инвеститори со поголема веројатност да го преземат ризикот. Се очекува овие пазари да продолжат да пријавуваат раст на приходите во текот на следните години, во услови на силна побарувачка и недоволна понуда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП