24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговијата со оружје објави прв раст од 2010-та година

Трговијата со оружје објави прв раст од 2010-та година

Муниција, оклопна опрема, беспилотни летала – во 2016 година обемот на светскиот пазар на оружје се зголеми за првпат во последните пет години. Споредено со 2015 година, продажбата на оружје се зголеми за 1,9 проценти, а во споредба со 2002 година, за 38 проценти. Ова стои во извештајот на Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм (СИПРИ).

Согласно со извештајот, вкупниот обем на продажба на 100-те најголеми одбранбени гиганти во 2016 година изнесува 374,8 милијарди долари. САД остануваат лидер во оваа област: американските компании ја зголемија продажбата на оружје за 4 отсто во однос на претходната година, на 217,2 милијарди долари.

Втори на листата на СИПРИ за трговија со оружје се Велика Британија, по што следуваат Руската Федерација, која во 2016 година бележи зголемување од 3,8 проценти во продажбата на оружје.
Меѓу земјите од Западна Европа постојат различни трендови: француските и италијанските компании ја намалуваат продажбата на оружје, додека германската и британската компанија ги зголемуваат своите приходи.

Подоле е прикажан инфографик од страна на STATISTA на кој се прикажани топ државите кои увезуваат оружје од САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП