29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОва нешто чоколадата ја претвора во „лек“

Ова нешто чоколадата ја претвора во „лек“

Супер вести за оние кои не можат да го замислат денот без чоколадото…

Комбинацијата на оваа посластица со бадемот го намалува нивото на холестерол и тоа токму кај оние лица кои се под најголем ризик – оние со вишок килограми.

За бадемите и чоколадото (црното, нормално) веќе знаеме дека го намалуваат притисокот и дека генерално го намалуваат ризикот од болести на срцето, но научниците за потребите на новото истражување го мереа и нивото на холестерол кај 31 дете со голема тежина.

Во текот на првите четири недели, испитаниците се хранеле вообичаено, но секој ден јаделе и третина шолјичка бадеми. Во следните четири недели продолжиле да јадат бадеми, но секојдневно консумирале и третина шолјичка црно чоколадо, како и по две ипол лажици какао.

Во првата фаза од истажувањето, кога испитаниците во вообичаената исхрана вовеле само бадеми, нивото на лош холестерол ЛДЛ е намалено за седум проценти, а кога е воведено и темното чоколадо, нивото на холестерол било намалено уште малку.

„Ова не значи дека треба да јадете килограм чоколадо и бадеми, но нашето истражување покажа дека имаме околу 270 калории кои можеме да ги воведеме во менито и кои би требало мудро да ги искористите“, вели Пени Крис Етерон од Пен Стејт универзитетот кој го водеше ова истражување.

Таа истакна дека ова значи дека бадемите и темното чоколадо треба да ги јадете умерено и тоа наместо другите слатки, а не како додаток при вообичаената исхрана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП