20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛЕ: Црвена звезда против ЦСКА, Партизан ја доби Викторија

ЛЕ: Црвена звезда против ЦСКА, Партизан ја доби Викторија

УЕФА во понеделникот во своето седиште во Нион со ждрепка ги одреди двојките за шеснаесет-финалето во Лига Европа.

Во оваа фаза како поинтересни се издвојуваат натпреварите Лион-Виљареал, Спартак Москва-Атлетик Билбао, односно италијанско-германските пресметки Наполи-Лајпциг и Борусија Дортмунд-Аталанта.

Клубовите од регионот, Црвена звезда и Партизан, ги извлекоа ЦСКА Москва и Викторија Плзен. Бидејќи двата тима се од Белград, Црвена звезда својот меч ќе го игра на 14 февруари, а Партизан ден подоцна.

Борусија Дортмунд-Аталанта
Ница-Локомотив Москва
Копенхаген-Атлетико Мадрид
Спартак Москва-Атлетик Билбао
АЕК Атина-Динамо Киев
Селтик-Зенит
Наполи-Лајпциг
Црвена звезда-ЦСКА Москва
Лион-Виљареал
Реал Сосиедад-Салцбург
Партизан-Викторија Плзен
ФЦСБ (Стеауа)-Лацио
Лудогорец-Милан
Астана-Спортинг Лисабон
Естерсунд-Арсенал
Олимпик Марсеј-Брага

Првите натпревари во оваа фаза во Лига Европа ќе се играат на 15.февруари, а реваншите се на програмата една недела подоцна.

Финалето ќе се одигра на „Жерлан“ стадионот во Лиона на 16.мај наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП