18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворање на канцеларија за печалбари во Гостивар

Отворање на канцеларија за печалбари во Гостивар

Канцеларијата за печалбари при Општина Гостивар ќе биде отворена в петок.

Оваа канцеларија ќе функционира во форма на шалтер, а работното време ќе трае од 8 до 20 часот.

„Оваа канцеларија се отвора со цел на нашите печалбари максимално да им се олеснат административните процедури во Општината, Полицијата или Судот. Оваа канцеларија ќе биде отворена до 15 јануари 2018 година, за повторно да се отвори во летниот период кога има прилив на печалбари“, велат од Општината.

Канцеларијата ќе биде сместена во Центарот за информирање при Општина Гостивар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП