28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAccorHotels се шири во Југоисточна Европа

AccorHotels се шири во Југоисточна Европа

Францускиот синџир на хотели „AccorHotels“ отвори локации во Србија и Босна и Херцеговина. Исто така, претстои да се отвори објект во Словенија, соопшти компанијата.

Хотелот во Србија е „The Mercure Belgrade Excelsior“ и се наоѓа во центарот на Белград.

Објектот располага со 73 соби и апартмани.

Хотелот во Босна и Херцеговина е „Novotel Sarajevo Bristol“, кој се наоѓа во центарот на Сараево, во близина на финансиската област на градот и историскиот центар.

Во јануари 2018-та година, синџирот ќе отвори хотели под брендовите „Mercure“ и „ibis“ во Словенија во Марибор, еден од најпрометните туристички центри во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП