20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Звукот на идната генерација“ – концерт на Македонската филхармонија и студентите по...

„Звукот на идната генерација“ – концерт на Македонската филхармонија и студентите по музика

„Звукот на идната генерација“ е насловот на претстојниот концерт на Македонската филхармонија и студентите од државните факултети за музика, кој ќе се одржи овој четврток со почеток во 20 часот.

Како солисти на концертот ќе бидат претставени талентирани студенти избрани по пат на аудиција, а заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и под диригентство на маестро Сашо Татарчевски ќе бидат изведени дела од Чајковски, Хачатуријан, Ботесини, Прокофјев, Енеску, Ибер, Мијо.

На концертот ќе настапат Анастасија Грговска – пијано (IV година) од класата на проф. д-р Марија Ѓошевска, Томе Костовски – пијано (I година) од класата на проф. д-р Ана Гацева, Динко Стипаничев – контрабас (IV година) од класата на проф. Велко Тодевски, Симон Поповски – виолина (постдипломски студии) од класата на проф. м-р Олег Кондратенко, Стефан Илиев – труба (II година) од класата на проф. м-р Васо Ристов, Богдана Бушевска – флејта (IV година) од класата на проф. м-р Страшо Темков и Александра Илиева – саксофон (III година) од класата на вонр. проф. м-р Нинослав Димов, сите студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП