25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple е блиску до купување на Shazam за 400 милиони долари

Apple е блиску до купување на Shazam за 400 милиони долари

„Apple“ е блиску до купување од 400 милиони долари на апликацијата за препознавање музика „Shazam“, информира „Business Insider“, повикувајќи се на познати извори.

Договорот би можел да и дозволи на „Apple“ да ја интегрира оваа популарна корисничка услуга директно во своите паметни телефони „iPhone“ во време кога иновативната круна на „Apple“ е загрозена од „Google“ и „Samsung“.

„Shazam“ им овозможува на корисниците точно да ја дефинираат музиката што ја слушаат во близина, како што е ресторан или кафуле. Апликацијата брзо стана една од најпопуларните за паметни телефони откако беше објавена и сега има над 1 милијарда преземања.

„Google“ неодамна ја претстави таквата технологија на својот смартфон „Pixel 2“. Ова можеби доведе до заклучок дека „Apple“ треба да понуди слична карактеристика на своите „iPhone“ телефони за да не заостане.

Главниот извршен директор на „Shazam“, Рич Рајли, претходно сподели дека компанијата и нејзината услуга ќе се вклопат како дел од поголема компанија која сака да се прошири во музичкиот бизнис или рекламирање.

Од „Apple“ и „Shazam“ се уште не коментираат за можниот договор. Соопштението беше објавено од страна на „TechCrunch“ и договорот се очекува да биде потпишан наскоро.

Интересот на „Apple“ во „Shazam“ дојде истиот ден кога „Apple“ објави дека Џони Иве повторно активно го раководи дизајнерскиот тим на компанијата.

„Shazam“, кој беше формиран во 1999-та година, долго пред телефонски апликации, генерираше 50 милиони долари од приходите во минатата година, според друг извор близок до компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП