20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА6-годишно момче прави 11 милиони долари годишно на ривју за играчки на...

6-годишно момче прави 11 милиони долари годишно на ривју за играчки на YouTube

Рајан, 6-годишниот “домаќин” на “Rayan ToysReview”, кој има популарен канал за преглед на играчки на YouTube, наводно е мултимилионер.

Семејниот YouTube канал, “Rayan ToysReview”, генерирал околу 11 милиони долари во 2017 година, според годишната листа на “Форбс” за најпрофитабилните канали на YouTube.

“Rayan ToysReview” се најде на осмото место на листата на Форбс.

“Rayan ToysReview” каналот родителите на Рајан го стартуваа во март 2015 година каде секојдневно се објавуваа видеа.

“Ryan ToysReview” каналот започна бавно да се популаризира, се до јули 2015 кога видеото кое го објави Рајан со наслов “GIANT EGG SURPRISE” дојде до бројката од 800 милиони прегледи.

Каналот сега има намера да прави ривјуа на новите играчки и на прехранбените производи за деца, а видеата обично покажуваат искрен и ентузијастички коментар од Рајан, кој ги води надвор со камерата од неговите родители.

Според “The ​​Verge”, гледаноста на каналот може да се пофали со актуелна публика од 10 милиони следбеници.

Погледнете го едно од ривјуата на ова среќно дете:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП