28 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 11.12.2017

Дневен хороскоп 11.12.2017

 

Овен (21.03 – 20.04)

Можни се мали недоразбирања во деловното опкружување, а особено е загрозена комуникацијата со надредените. Во љубовта ќе ви се допадне лице кое е прилично срамежливо и несигурно во себе.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Можно е одложување на некои работи на кои сте се надевале. Денес ќе биде разочарани од ситуацијата на деловното поле. Нема да бидете задоволни ниту со ситуацијата која ја имате во однос со саканото лице.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Пред вас е поволен период за позајмици, ве очекува некаков вид на финансиско решение кое ви е многу потребно. Во љубовта ќе немате доволно доверба во својот партнер, но тука ќе погрешите.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Време е да поработите на своите стравови. Кога ќе имате поголема самодоверба работата ќе ви оди подобро. Во љубовта можни се чести кавги со партнерот.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Преоптеретени сте со работа и не ви е лесно се сами да завршите. Потребно ви е време за опуштање. Во љубовта односот со саканото лице нема да биде онаков како што се надевавте.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Можете да се надевате на пресврти и промени бидејќи не сте задоволни со моменталната состојба на полето за работа. На љубовното поле можно е да дојде до прекин на врската и влез во нова љубовна приказна.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Доколку се занимавте со приватна рбаота, пред вас е ден полн предизвици и нови компликации кои тешко ќе ги надминете. На љубовното поле ќе ви недостасува вашата слобода.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ве очекува кратко деловно патување кое може да се покаже како многу поволно за вас. Комуникацијата со саканото лице се поправа и ви се враќа надежта дека ќе успеете да останете заедно.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Во некои ситуации ви недостасува малку трпение за работите да ги доведете до нивниот крај. На љубовното поле ќе постои некој вид на дистанца меѓу вас и саканото лице.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе се променат некои нешта кои се однесуваат на вашето деловно опкружување но и на вас лично. Во љубовта можете да очекувате враќање на комуникацијата со некое лице од минатото.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Важно е да бидете подготвени максимално да и се посветите на работата и реално да согледате некои работи. Во љубовта потребно е повеќе да се потрудите доколку сакате да го задржите партнерот покрај себе.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Не реагирате баш најдобро на некои критики кои ви се упатени, но време е да се соочите со своите грешки. Во љубовта важно е да му покажете на вашиот партнер разбирање и поддршка кога му е потребно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП