20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНе сте задоволни со својата кариера? Овие три прашања треба да си...

Не сте задоволни со својата кариера? Овие три прашања треба да си ги поставите на себе си

Сосема е нормално работата да наиде на кризен период, кога сте окупирани од стресот, проблемите или непредвидливите ситуации. За да се уверите себе си дека тоа е само моментална ситуација, и да престанете да паничите поради тоа, ви подготвивме три прашања кои ќе ве уверат дека сте на вистинскиот пат.

1. Што сакам да работам?

Размислете внимателно за сите активности кои ве исполнуваат. Оние кои обожувате да ги правите. Тоа се работи кои ви даваат енергија, кои едвај чекате да ги работите. Мислете за вашето хоби, како и за работите кои сте сакале да ги обавувате претходно. И ако сеуште чувствате задоволство од вашата моментална работа, пробајте да ја пронајдете позитивната страна. Издвојте ги дури и најмалите работи кои ве прават среќни.

2. Во што сте навистина добри?

За што знаете дека сте одлични? За која работа колегите ви даваат комплименти на работа? Многу често она што сакаме да го правиме и она во што сме добри се слични работи. Можеби така ќе ги пронајдете работите во кои сте добри, а кои не ги користите или не ги правите доволно. Стнаува збор за вештини кои ги задржувате за себе, како некоја резерва. Вистина е дека би требало да ги искористите и да ги промовирате, бидејќи можеби во нив се крие вашиот полн потенцијал кој може да ве доведе до деловен успех.

3. Кои се вашите таленти?

Прашајте ги колегите, вашиот шеф, пријателите, членовите на семејството да ви кажат во кои работи мислите дека сте одлични. Можеби ќе бидете изненадени кога ќе слушнете некои таленти за кои не сте ни свесни. Можеби ќе стане збор за ваштини или активности во кои не уживате, или за нови вештини кои би сакале да ги унапредите. Тоа може да ви даде нови идеи и можности.

На крајот, кога ќе одговорите на сите прашања, можете да ги воочите вашите деловни предности и недостатоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП