19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманскиот туристички сектор се подготвува за уште една рекордна година

Германскиот туристички сектор се подготвува за уште една рекордна година

Германскиот туристички сектор очекува нова рекордна година по значителниот раст на бројот на странски туристи кои ја посетиле земјата, покажуваат објавените податоци на Федералната статистичка агенција „Destatis“.

Бројот на ноќевањата во Германија се зголемува со 1% до 42,1 милиони во октомври во однос на истиот месец од минатата година. Иако бројот на домашните туристи останува без промена во октомври, податоците покажуваат солиден 3 процентен раст на ноќевањата на странци во октомври.

Податоците од октомври упатуваат на уште една одлична година за германскиот туристички сектор, по седмиот последователен рекорд од минатата година.

Бројот на ноќевањата е зголемен за 3% во првите девет месеци од годинава во однос на истиот период во 2016-та година, прецизира статистичката служба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП