20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNordea ќе отпушта вработени во Финска

Nordea ќе отпушта вработени во Финска

Банката „Nordea“ ќе ги намали околу 500 вработени во Финска, објави „Ројтерс“. Доверителот почнува да го спроведува својот план за намалување на илјадници работни места објавени во октомври.

Најголемата скандинавска банка започнува разговори со својот персонал во Финска, според синдикатот „Nousu“ кој ги претставува вработените. Покрај тоа, според синдикатите, се очекуваат дополнителни намалувања.

Во октомври, „Nordea“ соопшти дека мора да намали 6.000 лица ширум светот, од кои 4.000 од нив со полно работно време. Планот е дел од напорите за дигитализација на банката.

Програмата се очекува да трае четири години, според шведските синдикати, повеќето од отпуштањата ќе бидат завршени до 2019-та година. Банката „Nordea“ е со седиште во Стокхолм, Шведска.

Отпуштањата во Финска најмногу ќе влијаат врз вработените во банкарството на мало, како и во корпоративното банкарство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП