19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНови проблеми за Ryanair

Нови проблеми за Ryanair

Ryanair се соочува со закани пред Божиќната акција за штрајк на три европски пазари, вклучувајќи го и штрајкот на пилотите.

Пилотите во Италија ја поддржаа идејата за организирање на штрајк на 15-ти декември, кој би требало да трае четири часа, додека нивните колеги од Даблин ќе се огласат за тоа дали ќе го следат тој пример и тоа само на неколку дена откако португалските пилоти гласаа за акцијата.

„Ryanair“ ја отфрли можноста за сериозни штети, изјавувајќи дека претходните закани за штрајк не се оствариле.

Односот на овој авиопревозник и пилотите вработени во таа компанија стана напнат по проблемите со откажувањето на 20.000 летови.

„Ryanair“ во четвртокот се закани дека пилотите во Ирска ќе ризикуваат да ги загрозат своите плати и работни услови, ако ги поддржат колегите од Португалија и Италија и гласаат за штрајк. Имено, ирската авио-компанија изјави дека ќе ги замрзне промоциите, ќе ги намали паричните надоместоци и ќе ги измеша пилотите на други бази доколку го поддржат штрајкот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП