18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПредупредувaње: Опасни вести за втората најголема економија

Предупредувaње: Опасни вести за втората најголема економија

Растечкото ниво на долг претставува голем ризик за кинеската економија, предупреди Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Во извештајот за отпорноста на Кина на потенцијлните шокови и кризи, ММФ изрази загриженост поради нерамнотежата во втората најголема светска економија и резултатите од стрес тестовите кои покажаа дека четири петтини од кинеските банки се ранливи и во опасност, пренесува британскиот сервис BBC.

„Официјален Пекинг би требало да стави помал акцент на економскиот раст и да се фокусира на унапредувањето на прописите и подобрувањето на финансиите на банките“, се наведува во извештајот на ММФ.

Најголемите четири кинески банки имаат адекватно ниво на капитал, но „големите, средни и комерцијални банки делуваат ранливо“, порача меѓународниот кредитор.

Стрес тестовите покажаа дека 27 од 33 анализирани банки треба да го зголемат нивото на капитал, и покрај тоа што веќе ги испочитувале стандардите Базел III за банкарската капитализација.

ММФ уште во октомври предупреди дека зависноста на Кина од кредитирањето расте со „опасно темпо“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП