20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес облачно со услови за дожд

Денес облачно со услови за дожд

Во текот на денот, претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и засилен јужен ветер. Попладне во западните делови ќе започнат врнежи од дожд.

Кон крајот на денот и ноќта кон недела, врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјава, а на повисоките места и на планините ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен јужен ветер, а максималната температура на воздухот ќе достигне 14 степени.

Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде се очекува да наврнат над 25л/м2.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и засилен јужен ветер. Попладне ќе започнат врнежи од дожд. Кон крајот на денот и преку ноќта кон недела ќе има услови да поминуваат во дожд и снег, но со слаб и умерен интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.

Максималната температура се очекува да достигне до 13 степени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП