29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДури 99.9 проценти од вирусите се наменети за Андроид

Дури 99.9 проценти од вирусите се наменети за Андроид

McAfee-Mobile

Знаевме дека Андроид е „мета“ на малициозни програми, но незнаевме дека ситуацијата од ден во ден е се посериозна.

Најпопуларниот оперативен систем за мобилни телефони во светот, Андроид, беше „мета“ скоро на секој малициозен програм кој бил направен во првото тромесечие од 2013-та година.

Според истражувањето на компанијата „Кaspersky Lab“ најбројни се тројанците и тоа оние СМС тројанци кој од корисниците крадат пари со испраќање на СМС пораки до премиум броевите чии услуги се многу скапи. СМС тројанците и тројанците за Андроид изнесуваат преку 63 проценти од сите регистрирани малвер апликации во првиот квартал, но бројката е многу поголема, затоа што се претпоставува дека со нерегистрираните би изнесувала скоро 100 проценти од сите вируси.

Бројот на вируси наменети за мобилните и паметните телефони се во огромен пораст, а во текот на првите три месеци регистирана е бројка на вируси која е еднаква на регистрираните во 2012-та година.

Двојно побрзиот раст на бројот на вируси дефинитивно е повик за претпазливост. Внимавајте од кои страни ги превземате апликациите и игрите, не отварајте ликови и електронска пошта доколку не го познавате испраќачот и редовно исклучувајте ги „Bluetooth“ и „Wi-Fi“ конекциите доколку не ги користите. Исто така не примајте датотеки од непознати уреди преку бежична конекција и секако користете некои од бесплатните анти-вирус програми кои се користат за Андроид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП