29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWeWork ќе стане најголем приватен закупец во Лондон

WeWork ќе стане најголем приватен закупец во Лондон

Еден седумгодишен стартап од САД се очекува да стане најголем приватен закупец на канцелариски простор во Лондон токму во време во кое економските перспективи пред земјата се влошуваат, пишува „Bloomberg“.

Три години по влегувањето во британската престолнина, „WeWork Cos“ има потпишани договори за закуп, кои ја прават компанијата во приватен закупец на канцеларии број 1 на пазарот во британската престолнина, покажуваат податоците на „CoStar Group Inc.“.

Овој брз раст ја прави „WeWork“ – компанија проценета на 20 милијарди долари, ја прави важна за „здравјето“ на пазарот на недвижен имот во градот, но и се повеќе ранлива поради ризикот од иден пад на кириите.

„Во овој несигурен пазар многу луѓе се надеваат дека моделот на „WeWork“ ќе работи, но немаме идеја дали ова има отпорни основи, или пак до кога. Изгледа дека бизнисот на компанијата е добро капитализиран, но ако пазарниот циклус се промени, моделот изгледа е ранлив“, коментира Мајкл Маркс, раководител во „Development Securities Plc.“.

Успехот на „WeWork“ во Лондон зависи од побарувачката за флексибилен канцелариски простор. Тоа за возврат расте доволно брзо за да се задржат приходите од изнајмување над историски високите цени кои компанијата ги плаќа за да ги најми површините.

Компанијата признава дека „Brexit“ создава економски ризици, но смета дека несигурноста ќе го поддржи нејзиниот бизнис, бидејќи компаниите се претпазливи во однос на долгорочните обврски.

„WeWork“ моментално работи со 17 локации во Лондон. Наскоро ќе бидат отворени уште две канцеларијата, а беа најавени и други 10 локации, кои претстои да добијат станари. Компанијата почна да купува и некои објекти.

Најосновниот план за наем на канцелариски простор и апликација за стартување чини 45 долари месечно. Во текот на летото, таа исто така започна и половина цена на претплата за да привлече повеќе станари. Во некои случаи фирмата плаќала и двојно повисоки надоместоци на брокери кои воделе станари во нејзините згради, посочува новинската агенција.

„WeWork“ се обврзува да плати околу 815 милиони фунти за имот, а од нив 231 милиони фунти треба да бидат платени во следните пет години, покажуваат извештаите на британската единица. Истовремено приходите од членства во 2016-та година се во износ од 61 милиони фунти, а делот е во загуба од 11,1 милиони фунти.

„WeWork“ е основана во 2010-та година во Њујорк, се сеќава „Bloomberg“. Првично таа се занимава со краткорочни изнајмување на канцеларии, но подоцна се прошири и во други сектори – домување, градинки и слично, така што се фокусира на идејата за заедница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП