25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕШармантен хотел во Италија (фото)

Шармантен хотел во Италија (фото)

Езерото Гарда е едно од најубавите места во Европа… на брегот на ова прекрасно езеро се наоѓа шармантен хотел со пет ѕвезди – „Hotel Lido Palace“.

„Lido Palace“ е отворен во 1899 година и бил еден од најдобрите хотели во Европа, за во 1990-тите да прерасне во вистинска легенда. Како една од најдобрите локации на езерото Гарда, Рива било омилено место за одмор на Хабсбуршката монархија, горната средна класа, уметниците и филозофите – овој хотел претставувал вистински шарм на „Belle Epoque“, кој мамел голем број на посетители редовно да го посетуваат.

По редизајнот „Lido Palace“ го добил назад неговиот стар стил, само реставриран и подобрен, со легури, метал и стакло. Овој хотел сега повторно нуди дискретно чувство на луксуз, современо дизајнирани 42 соби, вклучувајчи и 12 апартмани со прекрасен поглед кон езерото и околните планини.

Нормално, во склоп на хотелот кој има пет ѕвезди се наоѓа и спа центар со сауна, турска бања и целосно опремен фитнес центар со два загреани базени.

Главниот ресторан во овој хотел има професионални кувари кои сервираат медитеранска кујна, додека другиот, помал и интимен, нуди a la carte мени базирано на специјалитети од риба.

Со безвременски шарм, кој сега повторно ги мами посетителите ширум светот, елеганцијата и префинетоста, хотелот „Lido Palace“ е единствениот хотел со 5 ѕвезди во регионот Трентино.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП