23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроизводителот на Budweiser нарача 40 камиони Tesla Semi

Производителот на Budweiser нарача 40 камиони Tesla Semi

Пиварницата компанија „Anheuser-Busch“ има резервирано 40 примероци од електричните камиони на „Tesla Inc.“, бидејќи производителот на „Budweiser“ се стреми да ги намали трошоците за гориво и емисиите од возила, пишува Wall Street Journal.

Американското подружница на „Anheuser-Busch InBev NV“ планира да ги користи камионите за снабдување до дилерите во рамките на 150 до 200 милји од локацијата на пиварницата. Камионите ќе бидат распоредени меѓу т.н. специјализирани флоти на пиварницата од околу 750 камиони кои носат брендот на компанијата, но се во сопственост и се управувани од надворешни превозници.

Ова е една од најголемите резервации од моментот кога „Semi“ беше претставен во минатиот месец, а потегот на „Anheuser-Busch“ е се уште мал во споредба со поширокиот пазар на тешки камиони, кој произведува 250.000 до 300.000 големи платформи годишно.

„Anheuser-Busch“ уште не одлучила дали да купи целосно камионите, или да ги ангажира, вели Џејмс Себрот, виш директор за логистичка стратегија на компанијата. Тој, исто така може да побара од еден од нејзините превозници да купат или да најмат камиони. „Semi“ нема да биде достапен барем до 2019-та година. „Ние само ги резервиравме камионите за да можеме да дадеме приоритет на нашите планови. Не знаеме кој ќе биде купувач по две или три години кога овие работи навистина ќе почнат да се произведуваат“, вели Себот.

Тој одби да разговара за цената на резервациите за кои сметаше дека биле направени пред „Tesla“ да го претстави „Semi“ во Калифорнија во минатиот месец. „Tesla“ определи депозити во износ од 5.000 долари за време на презентацијата во ноември, но оттогаш ги подигна на 20.000 долари.

Во „Tesla“ очекуваат камионите да чинат меѓу 150.000 и 200.000 долари, додека нов камион со дизел мотор може да биде купен за 150.000 долари.

„Tesla Semi“ може да патува до 500 милји со едно полнење. Некои аналитичари не се сигурни дали електричните возила претставуваат остварлива алтернатива на камионите при долги релации, повикувајќи се на загриженоста во однос на тежината на акумулаторите и досегот со едно полнење.

Сепак, компаниите сакаат да ги намалат трошоците за превоз и поради тоа е зголемен бројот на оние кои ќе го тестираат камионот на „Tesla“, а меѓу нив се „J.B. Hunt Transport Services Inc.“ и „Wal-Mart Stores Inc.“, кои работат со илјадници камиони, а резервации за „Semi“, има и од „DHL Supply Chain“ на „Deutsche Post AG“ и компанијата за управање на транспортна флота „Ryder System Inc“.

„Anheuser-Busch“ троши секоја година околу 120 милиони долари за гориво наменето за специјализираните превозници и за превоз на долги релации од надворешните превозници кои го превезуваат пивото меѓу пиварите и трговците на големо. Компанијата има намера да ја намали штетната емисија за 30% до 2025-та година и инвестира во возила со алтернативно гориво, како на пример камиони кои имаат мотори со природен гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП