19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСончево време со температура до 15 степени

Сончево време со температура до 15 степени

Утрово најстудено е во Берово, измерени се -7 степени. Во Скопје се измерени -6 степени Целзиусови. УХМР информира дека насекаде во земјава преовладува ведро и студено време, по одделни со појава на слаба магла. Дува слаб ветер од северен и југозападен правец, особено на повисоките места и планините.

Во текот на денот времето ќе биде претежно сончево, утрото студено со услови за слаба магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Највисоката температура ќе се движи од 10 до 15 степени.

Во Скопје претежно сончево, утрото студено со слаба магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Дневната температура ќе достигне до 10 степени.

Утре облачноста ќе се зголемува и ќе дува засилен јужен ветер. Попладне во западните делови ќе започнат врнежи од дожд. Кон крајот на денот и ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјава, а на повисоките места и планините ќе поминуваат во снег.

Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде се очекува да наврнат над 25л/м2. Во недела претпладне во западните и северните делови ќе има повремени слаби врнежи од снег, а границата на снежните врнежи се очекува да се спушти и до 500 м.н.в. Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а помала снежна покривка може да се формира и на некои повисоки места. Во почетокот на наредната седмица ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со умерен јужен ветер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП