28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкопје се гуши 24 часа, ништо подобро и во другите градови

Скопје се гуши 24 часа, ништо подобро и во другите градови

Синоќа во Скопје и во другите градови низ Македонија мерните станици измерија висока концентрација на ПМ10 честички во воздухот.

Вчера вечерта во Скопје мерните станици измерија загадување и до 10 пати повисоко од дозволеното.

Како по обичај, во Лисиче синоќа вечерта беше екстремно загадено. Околу 23 часот мерната станица измери 495 мигрограми на метар кубен, што е за скоро 10 пати повисоко од дозволеното.

Во Карпош беа измерени максимални 318 микрограми, додека во Центар околу 20 часот беа измерени максимални 160 микрограми на метар кубен.

Ништо подобро не беше ни во другите градови во Македонија. Во Битола беа измерени максимални 306 микрограми на метар кубен, во Тетово 452, Кичево 173 микрограми на метар кубен.

И утрово мерните станици покажуваат загаденост неколку пати повеќе од дозволеното. Во контуитет повеќе од 24 часа Скопје е загадено повеќе од дозволеното.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП