20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсмани: Инвестициите од Кина се добредојдени

Османи: Инвестициите од Кина се добредојдени

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, имаше средба со амбасадорот на Кина, Јин Лисјен.

„Соговорниците констатираа дека до крајот на годината се очекува да се потпише уште еден договор за економска и техничка соработка за обезбедување помош помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република Кина, со кој би се обезбедиле 20 милиони кинески јуани, односно околу 2.5 милиони евра и истите би биле наменети за финансирање на проекти за реновирање на училишта, но и други проекти кои би биле утврдени како приоритетни од Владата на Република Македонија“, соопштија од кабинетот на Османи.

На средбата Османи изразил благодарност за севкупната финансиска помош која Кина ѝ ја дава на наша земја како насока на финансирање на инфраструктурни проекти, така и во насока на финансирање на проекти во областите кои се од витално значење за Република Македонија.

„Османи додаде дека и во иднина очекува засилување на оваа соработка, потенцирајќи дека финансиската помош, но и инвестициите кои доаѓаат од НР Кина се добредојдени во Македонија“, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП