29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузна планинска викендица (фото)

Луксузна планинска викендица (фото)

Дизајнерот на ентериерот Лен Коцоволос се здружил со „LC 2 Design Services“ со цел да го креира „Big Sky“ проектот…

„Big Sky“ е луксузната викендица која се наоѓа во Монтана, САД. Овој имот дели планинска падина со своите класични американски древни колиби, но на свој начин го изразува модерниот луксузен дизајн на домот за одмор и рекреација, со вистински планински шик и одсјај во стилот на Лас Вегас.

Се наоѓа во борова шума на планините Роки, а рефлектира карактеристики на модернистичка архитектура, со помош на елементите како што се стаклени ѕидови, видливи столбови, челик и отворен планински простор.

Сепак, викедицата има свои уникатни одлики како интригантни завршни детали, богат мебел и други елементи, кои заедно креираат топол, а во исто време и мрачен и мистериозен дом.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП