19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Грција - најниска од 2011-та година

Невработеноста во Грција – најниска од 2011-та година

Невработеноста кај нашиот јужен сосед Грција се намали на 20,5 отсто во септември, со исклучок на сезонските фактори, по ревидираните податоци од 20,7 отсто во претходниот месец, објави статистичката канцеларија на „ELSTAT“ во земјата.

Ова е најниското ниво на невработеност во земјата од октомври 2011-та година, при што бројот на невработени продолжува да опаѓа. Сепак, уделот на невработени останува двојно повеќе од просекот на еврозоната.

Сезонски прилагодените податоци покажуваат дека бројот на регистрирани невработени е 981.126, со значителен дел од нив се млади луѓе до 24 години.

Меѓу младите луѓе на возраст од 15-24 години стапката на невработеност опадна на 39,5%. За споредба, овој индикатор достигна 45% пред една година.

Невработеноста во Грција, која достигна рекордно ниво од 27,9 отсто во септември 2013-та година, забави во последниве неколку месеци, но останува највисока во еврозоната. Земјата очекува нејзиното ниво да падне на 18,4% во следната година, врз основа на проекциите во нацрт-буџетот за 2018-та година.

Невработеноста во 19-те земји од еврозоната изнесува 9,8% во октомври, што е најниско од јануари 2009-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП