18 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАTајни кои експертите нема да ви ги откријат

Tајни кои експертите нема да ви ги откријат

Дан Валдшмид е оратор, писател и стратег. Валдшмид „војува“ со конвенционалните бизнис стратегии. „Wall Street Journal“, неговиот блог го смести меѓу топ 7 блогови во продажбата, пишува „Business Insider“.

Според Валдшмид, ова се тајните за успехот кои експертите нема да ви ги кажат:

1. Тоа што друштвените медиуми се бесплатни, не значи дека ќе ви донесат успех.

2. Морате да ја промените „шифрата“ ако сакате да ја заклучите работата.

3. Единствен начин, купувачите да се грижат за вас е, вие да се грижите за нив.

4. Ако при продажба се однесувате одговорно, имате големи шанси луѓето да го купат вашиот производ или услуга.

5. Не морате да правите извештаи за да изградите доверба. Зборувањето е преценето.

6. Паметното работење е резултат на тешката работа, а не замена за неа.

7. Извинувањата и благодарностите се најдобриот начин да го поведете разговорот за вашите услови.

8. Трошете помалку време на интернет и на делење визит карти. Бидете неверојатни, луѓето сами ќе ве пронајдат.

9. Откако ќе им дадете одговор на луѓето – тие престануваат да слушаат. Наместо тоа, оставајте назнаки.

10. Престанете толку да истражувате. Со текот на времето ќе станете невешт и често ќе делувате како кретен.

11 . Податоците никогаш нема да ви кажат дали тоа што го работите е успешно.

Валдшмид додава уште неколку тајни:

1. Не треба да чекате одобрение за да почнете со маркетинг насочен кон потенцијалните купувачи.

2. Клучно е да се биде професионален, бидејќи потенцијалните купувачи/клиенти ќе посакаат да работат со вас.

3. Одличната маркетинг содржина би требало да биде „рециклирана“ во друга маркетинг содржина.

4. Иронично, најдобар начин да станете експерт е да се спротиставите на експертите од индустријата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП