29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПравописот на македонскиот јазик бесплатно достапен на интернет

Правописот на македонскиот јазик бесплатно достапен на интернет

Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ по повод патрониот празник 8 Декември одржа свеченост, на која беше промовирана бесплатна електронска верзија на Правописот на македонскиот јазик.

„Го имам задоволството да ве информирам дека од денес, на адресата www.pravopis.mk на интернет, веб страница на НУБ, е поставена бесплатна електронска верзија на Правописот на македонскиот јазик, кој ќе може да се користи и симнува лесно од сите нас. Сметам дека оваа вест претставува голема радост за сите Македонци не само во нашата земја, затоа што со неа добиваме одличен и практичен инструмент за унапредување на нашите јазични познавања и за подобра употреба на македонскиот јазик, во јавните објави и во јавната комуникација”, рече министерот за култура Роберт Алаѓозовски во своето обраќање.

Бесплатната електронска верзија на македонскиот Правопис е дел од предвидените мерки на Програмата за работа на Владата, преку кои ќе се развиваат потребните механизми за остварување на Стратегијата за заштита, унапредување и афирмација на македонскиот јазик.

Бесплатната електронската верзија на Правописот на македонски јазик, која ќе биде достапна за секој граѓанин на Република Македонија е резултат на повеќемесечна соработка помеѓу Владата на Рeпублика Македонија, Министерството за култура, Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“, Редакцијата на второто проширено издание на Правописот, Издавачката куќа ,,Култура“ и Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП