23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТоп 10 земји со најголем долг по глава на жител во светот...

Топ 10 земји со најголем долг по глава на жител во светот (инфографик)

Нивоата на државен долг можат да биде тешко разбирливи, многу често и досадни. На пример, информацијата за долгот на Порторико, кој е 74 милијарди долари е на насловните страници, додека долгот на САД кој достигнува износ од 20 билиони долари не се претставува како голема работа. Како тоа може да има смисла, и на кого треба да му е грижа за сите овие нешта? Графиконот во продолжение се обидува сето тоа да го објасни на лаички начин.

Користени се бројки и информации од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) за националниот долг по глава на жител. Применета е едноставна метрика. На пример, доколку американците би сакале во целост да го елиминираат својот национален долг, секој граѓанин би требало да даде по 61,539 долари. Креирани се „крофна“ кругови: колку е поголем кругот, толку е и поголем износот на долгот по глава на жител. Потоа секој е кодиран со одредена боја за да одговара на скалата која покажува колку ситуацијата е сериозна. Темно црвената значи дека земјата е во сериозни проблеми со повеќе од 75 илјади долари долг по глава на жител, додека сините земји имаат долг од по 10 илјади долари по глава на жител.

Споредувањето на долговите на земјите и нивните оптеретувања од истите, така што ќе се спореди долгот по глава на жител, е најдобриот начин за споредување од неколку причини. Тоа е всушност како споредување на јаболка со јаболка. Поради тоа Соединетите Држави можат да остварат дефицит од 63 милијарди долари за месец октомври – што едвај може да се најде во новостите на Ројтерс, но недостигот на 900 милиони долари за плаќање на долгот на Венецуела доведува до тоа целата економија на оваа земја да се соочи со хаос. Затоа, да се спореди долгот по глава на жител го прави споредувањето на земјите многу почесно и пореално.

Јапонија е во центарот на овој графикон, бидејќи оваа земја има најголем долг по глава на жител во светот, и тој изнесува 90,345 долари. Да биде појасно, доколку Јапонија сака во целост да го исплати долгот, секој нејзин жител би требало веднаш да придонесе со 90,345 долари. Не постои држава во светот каде просечните луѓе годишно трошат толку пари, Ирска е на второто место со 62.687 долари, а трети се Соединентите Држави до 61,539 долари. Тоа е речиси двојно повеќе од просечниот американски даночен обврзник за цела година.

Треба да се обрне внимание на една држава од овој графикон, Кина. Кинеската влада успеала да создаде огромна тенденција на економскиот раст (кој можеби дури од неодамна забавува) и има само 7,119 долари јавен долг по глава на жител. Значи, Кина е најмногу населена земја на планетата. Тоа се уште е неверојатен успех со оглед на тоа колкава модернизација претрпе оваа земја.

Во продолжение е листата со десет земји со најголем долг по глава на жител во светот. Треба да се има на ум дека просекот за сите земји во ОЕЦД е 50,245 долари. Исто така, треба да се обрне внимание на тоа колку земји од листата се во Западна Европа.

1. Јапонија – 90.345 долари

2. Ирска – 62.687 долари

3. САД – 61.539 долари

4. Италија – 59.372 долари

5. Белгија – 59.680 долари

6. Австрија – 49.975 долари

7. Франција – 51,768 долари

8. Грција – 49.630 долари

9. Велика Британија – 52,816 долари

10. Португалија – 44.819 долари

Бројките по глава на жител се секогаш одличен начин за споредување на различните економии од целиот свет. Не е важно кој сте – ако секој граѓанин во земјата ненадејно стане одговорен за плаќање на еднаков удел во националниот долг, би дошло до сериозни проблеми. А тоа особено е точно во случајот кога одделниот дел од националниот долг кој секој треба да го плати e поголем од годишната плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП