29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтариот континент пишува историја - прави свој ММФ

Стариот континент пишува историја – прави свој ММФ

Европската комисија го предложи пакетот мерки за реформирање на еврозоната и зголемување на нејзината отпорност на идните кризи.

Меѓу нив е и предлогот спасувачкиот фонд на еврозоната – Европскиот стабилизационен механизам (ESM) – да се трансформира во Европски монетарен фонд (EMF).

Задачата на ЕMF, според предлогот на Комисијата, би била да обезбеди кредити за земјите членки кои се во финансиски проблеми, но би можел да развие и нови финансиски инструменти кои би биле користени за давање на дополнителна помош на членките погодени од финансиски проблеми, пренесува агенцијата Ројтерс.

Предложено е и формирање на функцијата на европскиот министер за економија и финансии, која би почнала со работа од ноември 2019 година.

Министерот истовремено ќе биде претседател на Европската комисија, претседател на еврогрупата и би ја надгледувал работата на новиот Европски монетарен фонд.

Би работел и на промовирање и пружање на поддршка за „координација и имплементација на реформите во членките на ЕУ“ и истотака би бил одговорен за идентификување на соодветни фискални политики за целокупната еврозона.

Европската комисија предложи и воспоставување на нов стабилизационен инструмент, кој на земјите погодени од кризата би им помогнал, благодарение на финансиската поддршка на ЕУ, да го одржат истото ниво на инвестиции како и во добри времиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП