19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнтензитетот на сообраќај надвор од градските средини умерен, коловозите претежно суви

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини умерен, коловозите претежно суви

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Влажни коловози се бележат на повисоките планински и осојничави места.

Од 15-ти ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2018 година.

Регионалниот пат Р-2332 (Трпејца – Царина) низ националниот парк Галичица се затвора за сите видови на сообраќај од 15.11.2017 до 01.04.2018.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот сепак се пренасочува преку градот Битола. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП