23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСончево време со студени утра

Сончево време со студени утра

Во наредните два дена ќе преовладува сончево време со студени утра, а преку денот ќе биде потопло. В сабота облачноста ќе се зголемува и ќе дува засилен јужен ветер. Попладне на запад ќе почнат врнежи од дожд, а на планините од снег.

 

Времето денеска сончево со слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец. Температурата ќе достигне од 8 до 16 степени, а во повеќето котлини околу 10 степени. Утрово најстудено е во Берово, каде температурата достигна минус седум степени, а најтопло во Гевгелија и Дојран.

Утре не очекува претежно сончево време. Утрото ќе биде студено, а во текот на денот со слаб до умерен југозападен ветер.

Во сабота облачноста ќе се зголемува и ќе дува засилен јужен ветер. Попладне на запад ќе започнат врнежи од дожд, а на планините од снег. Преку ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјава. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови.

Во недела наутро се уште ќе има локални врнежи од дожд, а во подрачјата повисоки од 700 м.н.в. врнежите ќе поминуваат во снег (во северните делови можно е снежната граница да биде и пониска). Врнежите во недела нема да бидат обилни, а попладне облачноста ќе се намали.

Од понеделник се очекува повторно зголемување на облачноста проследено со повремени локални врнежи од дожд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП