Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,304.71 0%    CEVI 1,144.00 0%    GRNT 762.38 0.86%    KJUBI 1,400.00 0%    KMB 2,700.00 0.01%    OHB 4,767.86 -0.67%    RMDEN15 95.10 0.11%    RZUS 107.89 1.78%    STB 910.00 -1.09%    STIL 127.00 -2.31%    TNB 13,100.00 0%    TPLF 1,500.00 -1.69%    UNI 1,870.00 -1.03%    ZILU 151.00 -2.58%    

Предвидени 45 милиони денари за субвенции, со кои домаќинствата ќе се поттикнуваат на енергетска ефикасност

Време: 16:40

Датум: декември 6, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Министерот за економија, Крешник Бектеши, на прес-конференција информира за реализираните мерки во енергетскиот сектор насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, но и за плановите за субвенции во текот на 2018.

Нагласи дека со цел стимулирање на користењето на сончевата енергија од страна на граѓаните била обезбедена поголема финансиска поддршка преку зголемување на буџетот со ребалансот, па за купување и вградување соларни колектори подддршка годинава обезбедиле 1.794 домаќинства.

Воедно, информира дека со ребалансот на буџетот за 2017 година, согледувајќи ја потребата за алоцирање повеќе средства за една од мерките – замена на дрвените прозорци со ПВЦ или алуминиумски, се обезбедиле дополнителни 16 милиони денари од претходно предвидените за таа намена, со што и бројот на вкупните домаќинства корисници на оваа мерка за 2017 е зголемен на 1.327.

„Со мерките за вградување соларни колектори и ПВЦ или алуминиумски прозорци ќе продолжиме и во иднина, а средства за нив се предвидени и во буџетот в година. Од 2018 домаќинствата ќе имаат на располагање дополнителна нова мерка – за купување ефикасни печки за греење на пелети, со која ќе се придонесе за заштеди на електричната енергија, олеснување на домашниот буџет и, секако, зачувување на животната средина“, појасни Бектеши.

За овие мерки Министерството за економија има предвидено 45 милиони денари субвенции за в година, а годинашната поддршка за над 3 илјади домаќинства е навреме исплатена.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Шест сексуални работнички преку излози нудат услуги на булевар во Скопје

    Шест сексуални работнички преку излози нудат услуги на булевар во Скопје

    Шест провокативно облечени вечерва од 17 часот од излози на булеварот Св. Климент Охридски на скопјани им нудат сексуални услуги. Секоја има свој излог и…

  • Воздух сега! Граѓаните побараа итно решавање на проблемот со загадениот воздух

    Воздух сега! Граѓаните побараа итно решавање на проблемот со загадениот воздух

    Власта конечно да ги пронајде главните загадувачи и да ги казни. Да ги засили контролите и да го реализира ветеното пред изборите. Ова го порачаа…

  • „И оваа година безбедноста има предност – 2018 најбезбедна до сега“ – нова кампања на РСБСП

    „И оваа година безбедноста има предност – 2018 најбезбедна до сега“ – нова кампања на РСБСП

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патишта (РСБСП) започна нова кампања под мотото: „И оваа година безбедноста има предност – 2018 најбезбедна до сега“.…

  • ЕУ ќе поддржува иновации во градовите со до 100 милиони евра

    ЕУ ќе поддржува иновации во градовите со до 100 милиони евра

    Градовите во Европа можат да аплицираат од вчера до април 2018-та година за европско финансирање за адаптација кон климатските промени, подобрување на квалитетот на воздухот,…

  • Успешно одржан првиот Иновативен камп во Македонија

    Успешно одржан првиот Иновативен камп во Македонија

    Ефикасно решение како да се намали сметката за електрична енергија е победничката иновација на еднодневниот Иновативен камп – натпревар на средношколци во претприемачки вештини, одржан…

  • Кина останува водечки светски инвеститор во американскиот долг

    Кина останува водечки светски инвеститор во американскиот долг

    Кинеските инвестиции во американските должнички инструменти се зголемија за 8,4 милијарди долари на 1,19 илјади милијарди долари во октомври, според податоците на американското Министерство за…

  • 65.000 работни места помалку во трговијата на мало во Велика Британија

    65.000 работни места помалку во трговијата на мало во Велика Британија

    Велика Британија изгуби 65.000 работни места во трговијата на мало по референдумот за излез од ЕУ – криза предизвикана од зголемената конкуренција на онлајн продавниците…

  • Општина Центар: Транспарентнo, буџетот го пишуваме со граѓаните

    Општина Центар: Транспарентнo, буџетот го пишуваме со граѓаните

    Општина Центар објави дека со буџетот за општината ќе бидат запознаени граѓаните, кои ќе можат да придонесат со свои забелешки и предлози пред носење на…

  • Трамп одлучен да ја укине визната лотарија

    Трамп одлучен да ја укине визната лотарија

    Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го повтори својот став дека лотаријата за обезбедување на американски визи на странски државјани, треба да биде укината. „Во…

  • Кои ќе бидат најмоќните градови во светот до 2035-та година?

    Кои ќе бидат најмоќните градови во светот до 2035-та година?

    Шангај ќе го надмине Париз во Топ 5 на глобалните градски економии до 2035-та година, што покажува дека рамнотежата во светската економија се поместува кон…