20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСите моќи на грејпфрутот

Сите моќи на грејпфрутот

Можеби сте имале можност да слушнете дека цитрусите се одлични за намалување на вишокот килограми. Од сите нив, најдобра репутација има грепфрутот.

Грејпфрут (Cirtus paradisi) претставува тропска билка од фамилијата на аргуми со горчлив вкус. Плодот е светло жолт до зеленкаст, а постои и сорта која е црвена.

Еден грејпфрут ги задоволува дневните потреби на нашиот организам за витамин Ц, што секако помага во борбата против настинки. Од семките и пулпата се добива цитрофит, кој е најдобриот антибиотик во јакнењето на имунитетот. Сепак, добро е да се знае дека не треба да се претерува со сокот од грејпфрут бидејќи повеќе од половина литар дневно може да доведе до несакани ефекти. Истото се случува и доколку изедете повеќе од еден плод.

Грејпфрутот, односно екстрактот од семките (цитрофит), претставува најсилен достапен природен антибиотик кој уништува широк спектар на микроби, вклучувајќи ги вирусите, бактериите и габичните инфекции. Има и антиоксидативно делување.

Грејпфрутот има антибактериско, антипаразитско и антисептичко дејство, а помага и при настинки, слабеење, камења во бубрезите, чир на желудникот и сл. Грејпфрутот го одржува и здравјето на дигестивниот систем, ја стимулира перисталтиката на цревата со што помага при констипација, а исто така има и антисептички и диуретски ефекти.

Богат е со витамин Ц, содржи витамин А, Б, Д, Е, како и калциум, фосфор, магнезиум, манган, цинк, бакар и железо. Исто така содржи голема количина на полифеноли, биофлавоноиди (60-70м проценти), поради кои делува позитивно на здравјето.

Наригенинот, кој се наоѓа во грејпфрутот, има позитивно дејство врз оштетените ДНА молекули кај тумор на простатата. Поправање на оштетената ДНА е еден од главните одбранбени механизми против ракот, затоа што ги отстранува потенцијалните канцерогени супстанци.

Грејпфрутот делува и на следните начини: Го намалува апетитот, помага во разградување на масните наслаги, го намалува нивото на холестеролот во крвта, превенира од грип и настинка, ги превенира артериосклеротичните промени, помага во борба против слободните радикали, помага во детоксификација на организмот и исфрлање на вишокот на течностите, го намалува ризикот од настанување на бубрежни камења, ја превенира појавата на егзем на кожата и др.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП