Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,304.71 0%    CEVI 1,144.00 0%    GRNT 762.38 0.86%    KJUBI 1,400.00 0%    KMB 2,700.00 0.01%    OHB 4,767.86 -0.67%    RMDEN15 95.10 0.11%    RZUS 107.89 1.78%    STB 910.00 -1.09%    STIL 127.00 -2.31%    TNB 13,100.00 0%    TPLF 1,500.00 -1.69%    UNI 1,870.00 -1.03%    ZILU 151.00 -2.58%    

Цело движење е личност на годината според списанието „Тајм“

Време: 15:47

Датум: декември 6, 2017

Категорија: КОМПАНИИ

Американското списание „Тајм“ за личност на годината го прогласи движењето The Silence Breakers.

Ова движење го чинат поединци што иницираа активности во насока на спречување на сексуалното вознемирување. Тие се дел од поширокото движење #MeToo, кое застана во поддршка на жртвите од сексуално насилство и малтретирање.

Дел од оваа група се и познати дами, кои јавно зборуваа за сексуалното вознемирување што го доживеале во текот на својот живот и кариера.

Меѓу кандидатите за личност на 2017 година беа и принцот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, американскиот рагби-играч Колин Каперник, специјалниот обвинител на САД за случајот со Русија, Роберт Милер, сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос, лидерот на Северна Кореја, Ким Ѓонг-ун, Пети Џенкинс – режисерката на Wonder Woman, претседателот на САД, Доналд Трамп, и кинескиот претседател Шји Џјинпинг.

Списанието „Тајм“ избира личност на годината од 1927 година, со што им се посветува внимание на поединци или групи што најмногу влијаеле на вестите во текот на годината во позитивна или негативна конотација. Титулата досега ја имаат добиено луѓе од разни професии и сфери на општеството, вклучувајќи и политичари, астронаути и демонстранти, а минатата година на насловната страница се најде ликот на Доналд Трамп.

Иако се смета дека наградата „Личност на годината“ е резервирана за личности што немаат контроверзни ставови, тоа не секогаш е така. Всушност, Адолф Хитлер ја доби оваа титула во 1938 година, а Сталин бил номиниран двапати, во 1939 и 1942 година.

Во продолжение се добитниците на признанието „Личност на годината“ на списанието „Тајм“ во последните 10 години:

2016 година – Доналд Трамп

2015 – Ангела Меркел

2014 – Борците против ебола

2013 – Папата Франциско

2012 – Барак Обама

2011 – анонимен демонстрант, демонстрантите од целиот свет

2010 – Марк Цукерберг

2009 – Берн Бернанк

2008 – Барак Обама

2007 – Владимир Путин

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Уникатно осветлување на новогодишната елка во Скопје Сити Мол

    Уникатно осветлување на новогодишната елка во Скопје Сити Мол

    Единствена и уникатна можност имаа посетителите на Скопје Сити Мол да видат како изгледа палењето на светилките од Новогодишната елка. Шоуто започна со мјузикл изведен…

  • Tencent Music ги надмина Spotify и Apple Music во Кина

    Tencent Music ги надмина Spotify и Apple Music во Кина

    Едно од најочекуваните ИПО-а во Кина следната година може да е музика за ушите на инвеститорите во „Tencent Holdings“ поради потенцијалот да ја намали бучавата,…

  • Amazon става точка на спорот, дава 100 милиони евра

    Amazon става точка на спорот, дава 100 милиони евра

    Американската компанија „Amazon“ ќе плати казна од 100 милиони евра за да стави точка на спорот околу неподмирениот долг во Италија. Италијанската даночна агенција соопшти…

  • Крај на една ера: Американските патници се збогуваат со „Џамбо џет“

    Крај на една ера: Американските патници се збогуваат со „Џамбо џет“

    Ги има испишано некои од најубавите страници во историјата на воздушниот сообраќај, стана авион на американските претседатели и летало што многу придонесе за развој на…

  • Deutsche Telekom ќе го купи холандскиот бизнис на Tele2

    Deutsche Telekom ќе го купи холандскиот бизнис на Tele2

    „Deutsche Telekom“ постигна договор со „Tele2 AB“, според кој „T-Mobile“ Холандија ќе се здобие со холандскиот бизнис на „Tele2“ за 190 милиони евра во готово…

  • „Рајанер“ со понуда за избегнување на божиќни нарушувања на летовите

    „Рајанер“ со понуда за избегнување на божиќни нарушувања на летовите

    Нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ соопшти дека е подготвена да ги признае пилотските синдикати, во обид да го избегне нарушувањето на летовите во текот набожикниот период. Пред…

  • 16% од компаниите во ЕУ продаваат преку веб-канали

    16% од компаниите во ЕУ продаваат преку веб-канали

    16% од фирмите кои се наоѓаат во Европската унија, користеле сајт или мобилна апликација за да добиваат  нарачки од своите клиенти. Ова го покажуваат податоците…

  • „Волт Дизни“ го купи „Фокс“ на Мердок за 52 милијарди долари

    „Волт Дизни“ го купи „Фокс“ на Мердок за 52 милијарди долари

    „Волт Дизни“ се согласи да го купи најголемиот дел од бизнисот на 21 век, „Фокс“, за 52,4 милијарди долари, во договор што двете компании велат…

  • H&M планира да затвори продавници поради слабата продажба во кварталот

    H&M планира да затвори продавници поради слабата продажба во кварталот

    Шведската модна компанија „H&M“ планира да затвори уште физички продавници и да се насочи кон онлајн продажбата, откако претстави послаби од очекуваните резултати за четвртиот…

  • Илирика ја презема дејноста од белградскиот WISE брокер

    Илирика ја презема дејноста од белградскиот WISE брокер

    ИЛИРИКА Инвестментс АД Белград склучи договор за откуп на дејноста на една од најголемите српски брокерски куќи, WISE брокер АД Белград. Покрај дејностите, ИЛИРИКА ќе…